Достапни линкови

Првиот човек на армијата на САД во посета на Сеул


Началникот на Здружениот генералштаб на американската војска Мајкл Мален денеска ќе ја посети Јужна Кореја, каде што ќе има средби со челните луѓе на армијата и со министерот за одбрана на таа земја. Портпаролот на Мален, Џон Кирби изјави дека главна цел на дводневната посета е да им се упати порака на Јужнокорејците дека САД се со нив, но оти не претставува порака за Северна Кореја ниту за кој било друг. Според агенциите, посетата на Сеул е уште еден знак за загриженоста на Вашингтон поради зголемената напнатост на Корејскиот полуостров, по севернокорејскиот напад врз остров на својот јужен сосед во Жолто Море на 23 ноември.
XS
SM
MD
LG