Достапни линкови

logo-print

Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма


Претставници на Иран и на меѓународната „шестка“ денеска во Женева ги продолжуваат преговорите за нуклеарната програма на Техеран, по речиси 10-часовните разговори од вчера. Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, која ја има улогата на медијатор, и претставниците на Иран, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија, се состануваат прв пат од октомври минатата година. Иако Техеран сеуште категорично одбива да го прекине збогатувањето на ураниумот, должината на разговорите од вчера даваат надеж за исходот на состанокот, кој треба да заврши денеска, изјавија извори упатени во ова прашање.
XS
SM
MD
LG