Достапни линкови

logo-print

Од денеска поскапи нафтените деривати


Бензините од денеска се поскапи за 1,5 до два денарa, а цената на дизел горивата се зголемува за денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 72,50 денари за литар, а литар ЕУРОДИЗЕЛ чини 59,5 денари. Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од комисијата ги истакнуваат повисоката просечна цена на суровата нафта во изминатите 14 дена и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
XS
SM
MD
LG