Достапни линкови

logo-print

Истрага за случувањата меѓу Јужна и Северна Кореја


Јавниот обвинител на Меѓународниот суд во Хаг Луис Морено Окампо денеска најави дека ќе почне со прелиминарна истрага поради наводите за воени злосторства извршени од Северна врз Јужна Кореја. Минатиот месец загинаа 4 лица при ракетниот напад на Северна Кореја врз Јужна Кореја. Пред неколку месеци 46 лица загинаа при потонувањето на воен брод за кој постои сомневање дека бил погоден од проектил испукан од Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG