Достапни линкови

Поплави во прилепско


Поплавени куќи во прилепската населба Тризла
Поплавени куќи во прилепската населба Тризла

Домовите на четири семејства од прилепската населба Тризла се целосно поплавени. Поплави има и на дел од патот Прилеп-Крушево и во општина Долнени.

Прилепчанката Маџира Асаноска со своите две деца останаа без дом, по поплавите, во прилепската населба Тризла, каде што живее население претежно од ромска националност.
Оваа жена вознемирена, зашто изгуби се како што вели што спечалила во животот, живее само од тутунопроизводство, но сега остана и без тутун. Водената стихија што навлезе во нејзината куќа, го поплави и тутунот. Сега без пари, без куќа и иднина, таа не знае како ќе ја обезбедува егзистенцијата за своите две деца.
Не можам да влезам да видам што имам дома штета. Како второ тутунот ми се запусти, а од тоа живеам, оти сум работела тутун социјалното ми е скратено, сега го барам градоначалникот да дојди и да види, штетата да ми се плати. Со децата останав
надвор.


„Не можам да влезам да видам што имам дома штета. Како второ тутунот ми се запусти, а од тоа живеам, оти сум работела тутун социјалното ми е скратено, сега го барам градоначалникот да дојди и да види, штетата да ми се плати. Соседеца останав надвор“, вели Асаноска.

Маџира Асаноска, чиј дом е поплавен



Нејзиното и уште 4 други семејства чии домови се поплавени, се времено згрижени во објект, што го обезбеди локалната власт во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување. Донесени се кревети и кебиња за најзагрозените семејства. Но, жителите се крајно вознемирени од оваа ситуација, бидејќи како што тврдат поплавите се појава речиси при секој обилен дожд во Тризла.
Апелираме до градоначалникот и до самоуправата, нека дојдат и нека го реализираат овој канал, еднаш за секогаш нека се направи. Затоа што оваа река е дива река, реката не е исчистена.


„Зошто градоначалникот не доаѓа да преземе мерки за оваа река? Едно дете се удави, уште едно ако се удави, ќе му го врати животот градоначалникот на тоа дете? Нема да му го врати!“

„Реката е стеснета на еден метар и во секое време кога врне, кога имаме дожд.“

„Целата куќа ми е поплавена, нема ноќеска кај да спијам“, велат дел од жителите.

Тие апелираат до локалната самоуправа да им го реши трајно проблемот.

„Апелираме до градоначалникот и до самоуправата, нека дојдат и нека го реализираат овој канал, еднаш за секогаш нека се направи. Затоа што оваа
река е дива река, реката не е исчистена“, вели Нако Бекироски.

Од секторот за урбанизам при локалната самоуправа, пак, смируваат дека нема простор за паника и дека ја следат будно состојбата.

„Како локална самоуправа ги пратиме состојбите, мислам дека не се алармантни и панични, затоа што дел од овие објекти се наоѓаат во речното корито на самиот дабнички канал. Оваа ситуација се должи најмногу на невремето, дел од запуштените канали каде пробуваме со помош на Дирекцијата за управување со кризи се воспоставуваат тие плановите, се земаат механизации, се расчистуваат онаму каде што има запушувања“, вели Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам.

Освен во населбата Тризла, поплавен беше дел од патот Прилеп-Крушево и поголеми површини земјоделско земјиште во Општина Долнени. Таму месното население се обидува да се справи со стихијата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG