Достапни линкови

Спасени се децата што беа заглавени во пештера во Бугарија


Спасувачкa екипa денеска ги извлечe 5-те деца и нивните двајца инструктури по алпинизам и спелеологија кои вчера останаа заглавени во пештера што се наоѓа јужно од Софија.Седумината заглавени останаа заробени во пештерата по покачувањето на нивото на подземните води. Директорот на бугарската Планинската спасувачка служба, Кирил Русев изјави дека спасените лица се наоѓаат во добра здравствена состојба.
На местото на несреќата за време на спасувачката акција присуствуваа и бугарскиот премиер Бојко Борисов и градоначалниците на општини од каде поттекнуваат седуммината заглавени.
XS
SM
MD
LG