Достапни линкови

Груевски: Македонија презема дипломатски чекори за спорот со името


Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека Македонија презема интензивни дипломатски активности за разрешување на прашањето за името.Груевски додаде дека државниот врв прави интензивни напори во комуникацијата со Атина да се надмине ова прашање и да се најде некое решение кое што ќе ги деблокира процесите и ќе ги нормализира односите меѓу Македонија и Грција.
Тој истакна дека во тој контекст се новото писмо на министерот за надворешни работи Антони Милошоски до ЕУ и јавниот повик до медијаторот Метју Нимиц за што побрзо да предложи некое решение.
XS
SM
MD
LG