Достапни линкови

Строги правила за фановите на ФИФА во Абу Даби


Фудбалските фановите на Клубското светско првенство во Абу Даби кое ќе се одржува од 8-18 декември, треба да се воздржат од пиење алкохол и бакнување на јавни места во согласност со муслиманските закони. Емиратските весници јавуваат дека правилата испечатени на флаери им се делат на фудбалските обожаватели кои пристигнуваат во земјата. На флаерите е напишано и предупредување дека доколку користат дрога ќе бидат приведени. Организациониот комитет соопшти дека муслиманската земја има свои традиции и обичаи кои сака да ги задржи и дека ФИФА поддржува такви мерки од која било земја што е домаќин на меѓународниот шампионат.
XS
SM
MD
LG