Достапни линкови

Континентал Ерлајнс е виновен за уривањето на Конкорд


Францускиот суд денеска пресуди дека Континентал Ерлајнс е кривично одговорен за авионската несреќа пред 10 години кога при уривањето на Конкорд во близина на Париз загинаа 113 луѓе. Судот нареди компанијата со седиште во САД да плати оштета од 200 илјади евра оштета. Одговорниот механичар доби 15 месечна казна затвор. Континантал Ерлајнс тогаш тврдеше дека операторот на „Ер Франс“ е виновен за несреќата. Таа фирма веќе им плати 100 милиони евра оштета на семејства на жртвите.
XS
SM
MD
LG