Достапни линкови

logo-print

Поплави


Поплави во прилепскиот регион

Поплави во прилепскиот регион

Во повеќе места покрај Вардар, но и по течението на помалите реки поплавени се дворови и обработливо земјиште, а водата некаде стигна и до куќите.

Секоја година се случува истото. Месното население во некои населби критикуваше дека до поплави дошло поради неисчистените одводни канали кои треба да ја апсорбираат атмосферската вода, но и локалната самоуправа регира дека проблеми прават и дивите населби:
Беа зафатени две-три куќи изградени во близина на самиот канал. Ќе треба во иднина да се размислува за дислоцирање на истите бидејќи овој проблем го имаме 30-40 години со истите тие куќи


,,Беа зафатени две-три куќи изградени во близина на самиот канал. Ќе треба во иднина да се размислува за дислоцирање на истите бидејќи овој проблем го имаме 30-40 години со истите тие куќи."

Изјави градоначалникот на Прилеп Марјан Ристевски откако жителите на ромска населба побараа чистење на речното корито откако нивните куќи викендот беа
поплавени од надојдената вода. По првиот поголем дожд поплавени се ниви, пластеници, фудбалски игралишта деловни објекти, патишта. За повеќе од два месеца втор пат голема поплава имаше и во Струмичко, каде надојдените води во септември предизвикаа штета од три милиони евра. Центарот за управување со кризи каде во меѓувреме прават и проценка на штетите претходно упатуаваше апели до населението да не ги користат каналите за исфрлање колективен смет, вели портпаролот Мишко
Средства немаме за да се направи тоа во целост, меѓутоа се чисти
Талевски:

,,Апелиравме и до надлежните служби посебно и во локалните управи, посебно да вршат инспекциски надзор во тие средини се со цел навреме откривање на сторителите. Сега сме во една фаза на справување со ситуацијата."

Речните корита владата треба да ги чисти во соработка со Центарот. Нивното одржување е надлежност на општините.

,,Средства немаме за да се направи тоа во целост, меѓутоа се чисти."

вели Ристевски.Според експертите меѓутоа со подобра обука и едукација и штетите во иднина би биле помали:

,,Многу малку се презема на претходните активности, воопшто не е одржана ниту една обука во локалните самоуправи во општините. Населението не е запознаено со начинот на превенција. Кога ќе дојде до заштита преголеми се материјалните трошоци и многу потешко може да се сработи."


вели професор Марија Вукелиќ Шутеска од Земјоделскиот факултет. Во следниот период се очекува стабилизација на времето без врнежи од дожд што треба да придонесе кон опаѓање на нивото на водотеците. Големи поплави имаше во Србија, Босна и во Албанија
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG