Достапни линкови

Јужна Кореја започнува воени вежби


Во време на тензии со Северна Кореја, Јужна Кореја денеска почнува воени вежби кои ќе траат една недела и ќе се изведуваат на 29 локации во западниот, источниот и јужниот дел на земјата. Официјални претставници изјавија дека не се планираат вежби во делот од земјата кој беше нападнат од Северна Кореја на 23-ти ноември. Ситуацијата во Северна Кореја се очекува да биде тема на разговорите во Вашингтон на американскиот државен секретар Хилари Клинтон со министрите за надворешни работи на Јужна Кореја и на Јапонија, Сеиџи Маер и Ким Сунг Хван.
XS
SM
MD
LG