Достапни линкови

logo-print

Асанж се заканува со адутот во ракав


Основачот на интернет страната „Викиликс“, Џулијан Асанж денеска се закани дека ако го уапсат или ако ја затворат Викилис, на Интернет ќе бидат објавени многу доверливи документи кои ги засегаат САД, неколку земји и светски гиганти како „Бритиш петролеум“. Неговото предупредување денеска го објави британскиот весник „Сандеј Тајмс“. Ваквите коментари следуваат по меѓународната потерница на Интерпол за негово апсење по барање на шведските власти кои го обвинуваат за сексуално насилство и по укинувањето првиот домеин и пејпал опцијата за финансирање на Викиликс.
Според весникот, Асанџ располага со досега необјавени видео материјали за нападите на САД во Авганистан во кои загинале многу цивили, со документи за затворот за терористи во базата „Гвантанамо“, како и со информации за „Банката на Америка“ и британската нафтена компанија „Бритиш петролеум“ кои се во кодирана форма и ќе биде дозволен пристапот донив доколку го уапсат.
XS
SM
MD
LG