Достапни линкови

Ирак останува на одлуката за смрттна казна за Азиз


Ирачкиот министер за надворешни работи Хошјар Зебари денеска го отфрли барањето на неговиот италијански колега Франко Фратини да не се егзекутира поранешниот министер од режимот на Садам Хусеин, Тарик Азиз. По денешната средба на двајцата министри во Ирак, Зебари побара од Италија и другите земји да ја почитуваат независноста на судството во Ирак. Претседателот Џалал Талабани претходно изјави дека никогаш нема да потпише наредбата за егзекуција на 74 годишниот Азиз кој е осуден на смрттна казна поради сузбување на Шиитските верски партии во 80-тите од минатиот век.
XS
SM
MD
LG