Достапни линкови

logo-print

Викиликс: Кина го нападнала Гугл


Кинеската Влада е одговорна за нападите врз интернет гигантот Гугл, а оперциите се водени од Политичкото биро на Комунистичката Партија. Ова тврдење е заведено во дипломатските документи што се објавени на интернет страната Викиликс. По објавувањето на дел од овие документи во денешниот „Њујорк Тајмс“ Кина ги негираше овие обвинувања оценувајќи ги како „апсурдни“. Викиликс до сега објави над 500 документи до најавените 250 илјади. Останатите документи ги објавува во договор со неколку светски медиуми.
XS
SM
MD
LG