Достапни линкови

Брегот на Слоновата Коска со двајца претседатели


Брегот на Слоновата Коска е во политичка криза откако двајцата претседателски кандидати ја положија заклетва со што се прогласија за шефови на државата по што го продлабочија проблемот со спорните избори. Досегашниот претседател Лоурент Гбагбо ги отфрли меѓународните повици да признае пораз и ја положи претседателска заклетва. Неговиот противкандидат Аласан Куатара неколку часа подоцна го стори истото. Обединетите Нации, САД и Франција соопштија дека веруваат оти победник на минатонеделните извори е опозицискиот лидер Куатара, кого изборната комисија веќе го прогласи за победник.Африканската унија соопшти дека ќе го испрати својот поранешен јужноафрикански претседател Табо Мбеки за да помогне во решавањето на оваа политичка криза и да спречи да ескалира, како што се вели во соопштението со “непресметливи последици.“
XS
SM
MD
LG