Достапни линкови

logo-print

Шумскиот пожар во Израел се уште дивее


Израелските власти соопштија дека шумскиот пожар се уште не е ставен под контола. До сега најмалку 40 лица загинале во пожарот од кои голем дел биле работници кои со автобус патувале накај затворот за да ги евакуираат затворениците кога пламенот ги зафатил. Илјадници луѓе се евакуирани од северниот дел на Израел каде пожарот речиси стигна до третиот по големина град Хаифа. Изралската полиција соопшти дека уапсиле две лица за кои се верува дека од од небрежност го предизвикале пожарот. САД, Русија, Турција Египет Шпанија и Бугарија испратија помош и опрема за справување со пламенот.
XS
SM
MD
LG