Достапни линкови

Отежнат сообраќајот во Европа


Студеното време во Европа и понатаму прави проблеми. Во Полска во последниве 24 часа се регистрирани 9 случаи на починати бездомници со што бројот на жртвите на студеното време се искачи на 31 за само една недела.
Во Британија по дождовите е најавено снег и температури до 7 целзиусови степени. Дел од авионите на британските аеродроми доцнеа со полетувањето. Француската цивилна воздухопловна агенција нареди да се намалат за 20% планираните летови од парискиот аеродром поради најавата за нови врнежи на снег.
Во Шкотска е издадено предупредување за можност од снежна лавина.
Во делови на Чешка температурите достигнаа и до -20 целзиусови степени и создаваат проблеми во железничкиот сообраќај.
XS
SM
MD
LG