Достапни линкови

Жртви и повредени при принудно слетување на авион во Москва


Најмалку двајца се загинати, а 40 повредени при принудно слетување на руски патнички авион од типот „Тупољев-154“ на аеродромот во Москва, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Авионот при слетувањето излетал од пистата. Во воздух откажале 2 од 3 те мотори по што екипажот одлучил да го приземји авионот. Во авионот имало 155 патници и осумчлен екипаж. Руската воздуопловна агенција неодамна ги повлече сите авиони од тој модел, поради честите авионски несреќи. Но се уште во некои делови на земјата помалите авиокомпании го користат овие авиони кои се произведени во 70-тите години од минатиот век.
XS
SM
MD
LG