Достапни линкови

САД и Јужна Кореја склучија договор за слободна трговија


Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека новиот трговски договор со Јужна Кореја ќе го зајакне американскиот извоз на автомобили, земјоделски производи и други услуги. Обама додаде дека со договорот за слободна трговија постигнат со неколку дневни интезивни преговори, ќе се подобри извозот за 11 милијарди долари и ќе обезбедни работа за 70 илјади Американци .Откако лидерите на двете земји го разгледаа постигнатиот договор сега треба да го ратификуваат законодавните домови за конечно да биде одобрен во 2011-та година.
XS
SM
MD
LG