Достапни линкови

Црна Гора бара помош од ЕУ и НАТО


Црногорското министертво за одбрана побара помош од НАТО и ЕУ поради поплавите што ја зафатија земјата. Началникот на главниот штаб на армијата Драган Самарџиќ изјави дека како земја со млад систем немаат доволно средства за справување со вакави катастрофи. Тој додава дека на Црна Гора итно и се потребни чамци, теренски возила, пумпи за вода, подвижни мостови, шатори и церади. До сега од најпогодените подрачја се евакуирани над 2 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG