Достапни линкови

Шпанија прогласи „вонредна состојба“


Шпанската влада денеска прогласи „вонредна состојба“ со цел да стави крај на штрајкот на авионските контролори кој предизвика прекин на авиосообраќајот во земјата. Вицепремиерот Алфредо Перез Рубикалба по вонредниот владин состанок изјави дека е донесена декларација со која мора сите контролори да се вратат на работа или ќе се соочат со можен притвор поради кршење на законот.
Шпанската национална авиокомпанија Иберија денеска ги откажа сите летови откако веќе втор ден контролорите на авиосообраќајот штрајкуваат за подобра плата и подобри услови за работа.
XS
SM
MD
LG