Достапни линкови

Ал Каеда со отровни парфени за функционери во Саудиска Арбија


Припадници на Ал Каеда кои сега се во притвор сакале да извршат убиства со испраќање на отровни подароци до членови на владата на Саудиска Арабија и до вработени во медиуми. Новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на анонимен извор во министертвото за внатрешни работи јавува дека во изминативе неколку месеци се уапсени 149 членови на Ал Каеда. Приведената група милитанти планирала да ограбува банки и фирми за да ја финансираат операцијата. Планот бил да им подарат на функционерите по еден отровен парфем. Дел од приведените лица се поврзани со милитанти од Сомалија и Јемен вели анонимниот извор на Ројтерс.
XS
SM
MD
LG