Достапни линкови

Втор обид за формирање Влада во Киргистан


Киргистанскиот нов Парламент денеска по втор пат се обидува да формира коалициона влада. Лидерот на Републиканската партија Омурбек Бабанов треба за 15 работни дена да соедини три од петте партии во законодавната власт. Првиот обид за формирање на коалиција пропадна откако на лидерот на Ата Мекен партијата Омурбек Текебајев му недостигаа три гласа за да стане претседател на Парламентот. Според уставот доколку по три обиди не се формира Влада ќе треба да се спроведат нови паралентарни избори.
XS
SM
MD
LG