Достапни линкови

logo-print

Во Македонија поплави од помал обем во тетовски регион


Изутрината река Вардар се излеа во реонот на селото Раотинце како последица на големите и силните врнежи од дожд изминативе два дена.
Според информациите на локалната самоуправа, зафатени се 15 тина куќи а поплавено е и полето. Овој реон беше зафатен од поплави и во април годинава.
Од Регионалниот центар за управување со кризи во Тетово информираат дека се уште се работи на воспоставување на железничкиот сообраќај кон Кичево по вчерашната поплава на пругата кај село Порој.
XS
SM
MD
LG