Достапни линкови

Албанија бара од НАТО помош за справување со поплавите


Албанската Влада побара помош од НАТО во напорите за справување со големите поплави, изјави албанскиот министер за одбрана Арбен Имами.
Алијансата, според Имами, треба да упати хеликоптери и тешки моторни возила за да помогнат пред се во евакуацијата на населението од поплавените подрачја во скадарскиот регион, но и во други делови во земјата.
Според последните информации од Кризниот штаб, под вода се 13 илјади хектари земја, евакуирани се над 10 илјади лица, а поплавени се неколку илјади куќи.
XS
SM
MD
LG