Достапни линкови

Американскиот Претседател беше во кратка посета на Авганистан


Обама во Баграм - Авганистан

Обама во Баграм - Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама престојуваше ненајавена 4 - часовна посета на Авганистан. Тој им се обрати на американските војници во воздухопловната база Баграм во близина на Кабул и им порача дека нивната мисија за пораз на талибанците бележи успех.
Обама телефонски разговараше и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со кого не се виде поради лошите временски услови. Американскиот Претседател инаку во Баграм се сретна и со командантот на американските сили генералот Дејвид Петреус и американскиот амбасадор Карл Eкенбери.
За наредната недела е најавено објавувањето на новата американска стратегија за Авганистан, а посетата на Обама на Авганистан доаѓа еден ден откако Викиликс објави тајни документи во кои американски дипломати, повторно го доведуваат во прашање лидерството на Карзаи.
XS
SM
MD
LG