Достапни линкови

Обама во ненајавена посета на Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама допатува во ненајавена неколку-часовна посета на Авганистан, во посета на американските сили и на разговори со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Поради лошото време, Обама од американската база во Баграм, преку видео врска, ќе разговара со Карзаи. За наредната недела е најавено објавувањето на новата американска стратегија за Авганистан.
XS
SM
MD
LG