Достапни линкови

logo-print

Сопругата на Младиќ на суд поради поседување оружје


Судскиот процес против Босиљка Младиќ, сопруга на осомничениот воен злосторник Ратко Младиќ, е одложен за во април наредната година. Босиљка е обвинета за нелегално поседување оружје, кое било пронајдено за време на претресот во семејната куќа во Белград во 2008-ма година, а додадено е и обвинение за поседување поголемо количество муниција. На денешното рочиште во Белград биле присутни и група радикали со транспаренти за подршка на Младиќ.
XS
SM
MD
LG