Достапни линкови

МВР постапила законски и професионално во А1


Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, во врска со претставките од новинарите на А1 ТВ, утврди дека полициските службеници од СВР-Скопје, по добиениот повик од инспекциските служби на Министерството за финансии, постапиле согласно Законот за полиција. Наводите во претставките дека униформираните полициски службеници употребиле физичка сила се неосновани, бидејќи од извршениот увид во доставениот видео запис не е забележано употреба на физичка сила врз лица присутни пред објектот на улица „Перо Наков“бб. Полициските службеници, постапиле законски и професионално, и при тоа спречиле нарушување на јавниот ред и мир во поголем обем, се вели во соопштението од МВР.
XS
SM
MD
LG