Достапни линкови

logo-print

Медведев: дипломатијата на САД цинична


Рускиот претседател Дмитри Медведев денеска изјави дека американските доверливи телеграми објавени на веб страницата Викиликс го откриваат цинизмот на американската дипломатија. Во овие документи Медведев се оценува како слаб лидер кој е контролиран од неговиот претходник и сегашен премиер Владимир Путин. Сепак, за време на денешната прес конференција со италијанскиот премиер Силвио Берлускони кој престојува во Русија, Медведев изјави дека Москва не е параноична и не ги врзува односите со Вашингтон со некакви доверливи телеграми.
XS
SM
MD
LG