Достапни линкови

Фуере: навредите не не спречуваат да ве поддржуваме


Евроамбасадорот Ерван Фуере денеска во Маврово, за време на своето обраќање пред амбасадорите и градоначалниците од повеќето општини во земјата, изнесе, како што рече, личен став дека навредливите забелешки изнесени во Брисел од член на владејачката партија нема да го запрат него, мисијата на ЕУ во Скопје и Унијата да ја поддржуваат земјата. ,,Ќе продолжиме да ги поддржуваме граѓаните на оваа земја и нивниот дух на посветеност. Заедно, убеден сум дека ќе успееме,, рече Фуере на конференцијата посветена на петгодишнината од почетокот на децентрализацијата во Македонија.
XS
SM
MD
LG