Достапни линкови

logo-print

Пет години од децентрализацијата во Македонија


По повод петгодишнината од почетокот на децентрализацијата денеска во Маврово се одржува конференција во организација на ОБСЕ и Заедниците на единиците на локалната самоуправа. На неа покрај нивните први луѓе Хосе Луис Хереро и Коце Трајановски, учествуваат и вицепремиерот Абдилаќим Адеми, министерот за локална самоуправа Муса Џафери, евроамбасадорот Ерван Фуере. Хереро ја нагласи потребата од натамошни напори за целосна имплементација во областа на употребата на јазиците на општинско ниво и зголемување на техничките и финансиските капацитети на општинската администрација.
XS
SM
MD
LG