Достапни линкови

logo-print

Седница на Комитетот за односи меѓу заедниците


Комитетот за односи меѓу заедниците на денешната седница во Скопје усвои заклучоци во кои се нагласува потребата од поттикнување и континуирано развивање на интегрираното образование како предуслов за меѓусебна доверба и разбирање во Македонија. Учењето на јазикот на другиот, според Комитетот, е основа за меѓусебно запознавање и почитување на различностите. Заклучоците се произлезени од расправите на претходните седници за случувањата и тензиите кои настанаа како резултат на воведувањето на предметот македонски јазик во прво одделение за учениците од другите заедници кои не се мнозинство, но и за водењето на педагошката документација.
XS
SM
MD
LG