Достапни линкови

Според опозицијата со предлогот за изменување на законот за државни службеници наместо позитивни промени, само ќе се продлабочи партизацијата на администрацијата.

Предлог измените на законот за државни службеници е последна тема за расправии меѓу власта и опозицијата. Од владеачката партија велат дека предлог измените се „скроени“ по европски стандарди, додека од опозицијата и дел од експертите аргументираат дека предлозите за менување на овој закон ќе предизвикаат проблеми.
Туку напротив создава отворени можности за отпуштање, деградирање и казнување на државните службеници без точно утврдени критериуми зошто тоа било сторено од страна на претпоставениот

Овој предлог не содржи мерки за спречување на партизацијата и за подобрување на професионализацијата на јавната администрација, вели Ана Павловска Данева од Социјал Демокртатскиот Сојуз:

,,Туку напротив создава отворени можности за отпуштање, деградирање и казнување на државните службеници без точно утврдени критериуми зошто тоа било сторено од страна на претпоставениот односно од страна на државниот секретар во Министерството, кој што е политички именуван функционер."

Данева смета дека основани се забелешките на експертската јавност:

,,Дека овие нови одредби ќе бидат злоупотребени од страна на политички именуваните функционери, за да ја исчистат државната администрација од своите неистомисленици."

Несигурноста на работното место не е единствениот проблем кој го создаваат предлог – измените, смета правниот експерт Драге Јовановски:
За споредба само илјадниците луѓе што беа избркани од ЕСМ, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Железници итн, што беа избркани во времето на СДСМ, станува збор за илјадници луѓе...Тоа во изминативе пет години не се случи


,,Значи немаат доволно самостојност, тие се под строга контрола иако сега надредениот ги дава командите, на крајот одговорноста ја сноси работникот. Тоа е основниот недостаток."

Од власта, од друга страна, аргументираат дека предложените измени се усогласени со препораките на Брисел. Зоран Петревски од ВМРО ДПМНЕ ја оспорува и забелешката дека со изменување на законот ќе се наруши независноста на Агенцијата за државни службеници:

Многу од „антиквизираните“ градби во проектот „Скопје 2014“ се наменети токму за јавната администрација
,,Само да се потсетиме дека во последниве шест години директот на Агенцијата е поранешен потпретседател на СДСМ, министер во владата на СДСМ, еден од најистакнатите членови на СДСМ итн."

Петревски ја оспорува и забелешката дека се подготвува закон кој ќе овозможи партиски „чистки“:

,,За споредба само илјадниците луѓе што беа избркани од ЕСМ, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, Железници итн, што беа избркани во времето на СДСМ, станува збор за илјадници луѓе...Тоа во изминативе пет години не се случи."

Инаку, меѓу другото, со предложените измени на Законот се менуваат надлежностите на Министерството за информатичко општество, кое покрај ресорната функција, би имало надлежност и врз јавната администрација.
XS
SM
MD
LG