Достапни линкови

СДСМ сам на протести


Од последниот митинг на опозицијата во Скопје
Од последниот митинг на опозицијата во Скопје

Засега отсуствува поддршка од другите опозициски партии, за протестниот марш на СДСМ в недела.

Опозицијата сака да се бори против ВМРО-ДПМНЕ, но „сам по сам“.
Иако, во СДСМ велат дека тие сакаат само да дадат логистика на „сенародниот“ протестен марш в недела, поддршката од другите опозициски партии изостанува.
Во ЛДП велат дека нема да го подржат протестниот марш во недела, зашто тоа не е марш на опозицијата, туку на СДСМ. Пратеничката Роза Топузова Каревска од ЛДП вели дека е факт дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, не
ЛДП смета дека оваа власт треба да се смени со подобра од нејзе, а не само да дојде до замена на власта
само што е лошо, туку е и погубно за државата и затоа подржува предвремени избори.

,,ЛДП смета дека оваа власт треба да се смени со подобра од нејзе, а не само да дојде до замена на власта. За жал промената едни па други на власт, не носи некои големи добра за Македонија."

од претходните анти - владини протести на опозицијата
Иако, постојано повторуваат дека со Македонија владее „ненароден режим“ зошто тогаш опозицијата не може да се обедини? Пратеникот Андреј Петров од СДСМ вели дека во овој момент се отворени сите опции.

,,Почнуваме да го алтикулираме незадоволството на народот од овој ненароден режим. Сите опции се во игра за овој ненароден режим да биде поразен по демократски пат на избори."

Аријанит Хоџа од Нова демократија, пак, вели дека ги подржуваат сите протести против владата, но оти нема да учествуваат на маршот на СДСМ во недела.
Почнуваме да го алтикулираме незадоволството на народот од овој ненароден режим

,,Секој протес или ангажман на било кој во насока на рушење на оваа анти НАТО, анти ЕУ и антиалбанска влада, секако дека го поддржуваме. Конкретно во недела ние физички нема да можеме да бидеме таму, поради тоа што имаме агенда која има слична цел."

Иако, претходно во јавноста се шпекулираше дека СДСМ ќе поднесе интерпелација за владата и ќе закаже големи протести по Самитот на ЕУ на 16 декември, се чини дека случувањата со телевизијата А1 ја забрзаа
од пред А1 телевизија
процедурата, па протестот е закажен за в недела. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вчера изјави дека протестот е „за слобода, достоинство и иднина“, а не за поддршка на сопственикот на А1 Велија Рамковски.
СДСМ, во пресрет на предвремените парламентарни избори во 2008 се обиде да направи поширок опозициски фронт. Во Коалицијата Сонце, тогаш се приклучија и НСДП на Тито Петковски, ЛП на Стојан Андов и ЛДП. Сепак, за минатогодишните претседателски и локални избори, ЛДП одлучи да настапи самостојно и да се оттргне од прегратките на „големиот брат“ - СДСМ. Од тогаш, пратениците на оваа партија ја критикуваат власта, но не го штедат од критики ни опозицискиот СДСМ.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG