Достапни линкови

logo-print

Дали сме сами во Универзумот?


И додека одговорот на вечното прашање: дали сме сами во Универзумот останува барем засега, ,,да,, тим научници објавија откритие кое покажува дека животот е многу поинтересен од оној што го знамеме и тоа тука на Земјата. Фелиса Волф Сајмон научник по астробилогија во НАСА вели дека новата форма на живот се развива и во отровна околина.

,,Бактеријата ги отвора можностите за она што се уште е можно. Таа го решава предизвикот да се живее на многу поинаков начин.,,

Станува збор за бактерија која живее во езерото Моно во Калифорнија, богато со арсен, елемент за кој досега се сметаше дека е отровен за сите живи суштества.

Она што е уште поинтересно е дека бактеријата не само што го користи
Ова отвора огромни можности за луѓето да си претстават какви други форми на живот би можело да има во Вселената. Всушност и досега помислувавме за можноста за живот на Марс, Титан и на планети надвор од Сончевиот систем, но ова отвора можности за сосема нови светови
арсенот како хранлива состојка, туку и го интегрира во своето ДНК и во други делови од нејзините клетки.

Всушност ако е потребно бактеријата го користи арсенот наместо фосфорот кој е еден од клучните елементи на сите познати форми на живот.

,,Се што знаевме за животот досега е дека тој користи елементи како јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур. Целиот живот е комбинација на овие шест елементи врзани во комплексни молекули. Затоа ова е многу интересно откритие кое ги менува основите на биохемијата и на животот каков што го знаеме.,,

Вели Луис Дартнел, астробиолог од Лондон. Научниците веќе неколку децении знаат за форми на живот кои можат да опстанат во тешки, отровни услови, средини без светлина и топлина.

И оваа бактерија беше откриена пред две години, но дури неодамна се дозна дека таа е единствена по способноста арсенот да го користи во нејзиниот ДНК, што е нов тип на архитектура на клетките.

,,Ова отвора огромни можности за луѓето да си претстават какви други форми на живот би можело да има во Вселената. Всушност и досега помислувавме за можноста за живот на Марс, Титан и на планети надвор од Сончевиот систем, но ова отвора можности за сосема нови светови.,,

Вели експертот Сара Сигер, прецизирајќи дека способноста на микроорганизмот да живее на арсен укажува на веројатноста дека на Земјата, но и надвор од неа каде што овој елемент е повеќе застапен, може спонтано да се појави форма на живот која не можеме ни да ја замислиме.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG