Достапни линкови

logo-print

Полицијата ги растера демонстрантите во Киев


Украинската полиција денеска ги растера демонстрантите од центарот на Киев, кои таму поставија шатори во знак на протест против планираното зголемување на даноците за малите и средни фирми. Демонстрациите започнаа пред три недели, а претседателот Виктор Јанукович, во вторникот, стави вето на првата верзија на законот. Синоќа украинскиот парламент ја изгласа ревидираната верзија на законот за новите даноци, но протестите продолжија.
XS
SM
MD
LG