Достапни линкови

БиХ може да биде исклучена од Советот на Европа


Босна и Херцеговина треба што е можно побрзо да ги исполни пресудите на Европскиот суд за човекови права, бидејќи во спротивно може да биде исклучена од составот на Советот на Европа, изјави специјалниот претставник на Советот на Европа за БиХ, Каролина Раво.
Според Уставот и Изборниот законик на БиХ, само претставниците на Србите, Хрватите и Бошњаците можат да се кандидираат на изборите.
Активисти на ромската и еврејската заедница ја обвинија БиХ пред Европскиот суд за човекови права. Во декември минатата година Судот во Стразбур донесе одлука да бидат отстранети оние прописи кои содржат дискриминациски елементи со кои не им се дозволува на претсатавниците на националните малцинства да се кандидираат за членови на Претседателството и Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.
Во Уставот се уште не се направени бараните промени.
XS
SM
MD
LG