Достапни линкови

Египет сака атомска бомба, ако Иран успее да направи


Египетскиот претседател ќе ја разгледа можноста за развој на нуклеарно оружје, ако Иран создаде атомска бомба, покажуваат американските диполматски дописи што ги објави интернет страницата Викиликс.
Според дописот, египетскиот претседател Хосни Мубарак во 2008 година, пред делегација од американскиот конгрес, рекол дека целиот регион е „преплашен“ од Иран со нуклеарно оружје.
„Египет може да биде присилен да почне сопствена програма за нуклеарно оружје, ако Иран успее во намерите“, наводно изјавил Мубарак.
XS
SM
MD
LG