Достапни линкови

Признание за македонските мировници


Македонските мировници добија признанија за нивното деветмесечно учество во мисијата „Феникс“ во Авганистан.

Се вратија од Авганистан и се чини со себе го донесоа и сончевото време во Скопје. Македонските мировници денеска добија признанија за нивното деветмесечно учество во мисијата „Феникс“.
Ни помалку ни повеќе, свечен дочек со сите нишани. Пред 79 припадници од полкот за специјални операции и баталјонот на воената полиција се обратија владини и претставници на македонската армија а со припадниците на контингентот војнички поздрав и од американскиот амбасадор во земјава Филип Рикер. Став мирно и стандарден поздрав по секое обраќање:
Најголем успех за сите нас е тоа што мисијата покрај тоа што заврши успешно успеавме да се вратиме здрави живи сите дома, кај наблиските


,,Да живее Армијата на Република Македонија. Да живее Република Македонија."

Изјавите кратки и процедурални со скромност на лични впечатоци, што според многумина е типично за припадници на армијата.

Командантот на контингентот Мајор Кочо Христовски вели дека мисијата завршила со успех:

,,Најголем успех за сите нас е тоа што мисијата покрај тоа што заврши успешно успеавме да се вратиме здрави живи сите дома, кај наблиските."

Капетан Крунислав Велков вели дека припадниците на македонскиот контингент докажале дека можат да се носат со најсупериорната веле-сила.

,,Заедно живеевме со нив, заедно планиравме активности и заедно ги извршувавме предвидените задачи. Особено сум горд што сите се вративме здрави и живи и со огромно стекнато искуство кое што се надевам дека ќе го пренесеме на нашите колеги."
Бидејќи соработката со САД е од исклучително значење за изградба на идните капацитети и можности на Армијата, а сето тоа да одржуваме едно ниво кое значи успешно вклучување во воените структури на НАТО по добивањето на поканата за членство


Македонската Армија ќе продолжи со билатералната соработка со Соединетите американски држави, најави началникот на ГШ на АРМ Генерал Потполковник Мирослав Стојановски.

,,Бидејќи соработката со САД е од исклучително значење за изградба на идните капацитети и можности на Армијата, а сето тоа да одржуваме едно ниво кое значи успешно вклучување во воените структури на НАТО по добивањето на поканата за членство."

Пред мировниците се обрати и министерот за одбрана Зоран Коњановски

,,Се гореев со вас и затоа воопшто не ми беше изненадувачка веста дека 79 припадници на АРМ се одликувани со медали и признанија."

Инаку мисијата беше еднократна, а контингентот беше распореден во југоисточниот и северниот дел на Авганистан. Основни задачи на наменските сили беа обука и менторирање на авганистанската национална армија и полиција и изведување на заеднички операции за подршка на мир и стабилност.
XS
SM
MD
LG