Достапни линкови

Граѓаните во страв од можното ново поскапување на струјата. Од Регулаторната комисија засега не ја потврдуваат информацијата.

Информациите во јавноста дека е можно ново поскапување на струјата по Нова година, ги загрижи граѓаните. Повеќето од нив велат дека таквиот потег ќе биде голем удар врз домашниот буџет, кој и онака во услови на низок стандард е скромен.
Ќе се одрази и ќе повлече и други поскапувања. Таквите поскапувања многу влијаат врз
буџетoт.


„Ќе се одрази, јас сум пензионерка со пет илјади пензија, нормално ќе се одрази.“

„Ќе се одрази и ќе повлече и други поскапувања. Таквите поскапувања многу влијаат врз буџетот.“

Илустрација: Далновод

„Не е оправдано воопшто, колку е тежок животот.“

„Безобразно е тоа, сите мерки ги претераа.“

„Тоа државата треба да го среди. Лично сметам дека и тие компании мора да живеат, но од друга страна животниот стандард е многу лош.“

Од Регулаторната комисија за енергетика не откриваат дали ќе има поскапување. Велат дека се уште се разгледуваат анализите од компаниите што работат на производство, пренос и дистрибуција на електричната енергија.
Треба да се видат трошоците кои што ги имаат компаниите со дејноста што ја вршат и од тие проценти зависи дали ќе има зголемување, задржување на сегашната цена или намалување на цената на електричната енергија.


„Треба да се видат трошоците кои што ги имаат компаниите со дејноста што ја вршат и од тие проценти зависи дали ќе има зголемување, задржување на сегашната цена или намалување на цената на електричната енергија“, изјави Рухи Бакију, заменик претседател и член на регулаторната комисија за енергетика.

Од Електрани на Македонија соопштуваат дека до регулаторот навремено ги доставиле нивните пресметки за тековните трошоци и проекциите за наредната година. Оттаму велат дека не поднеле барање за корекција и очекуваат во делот на производствотот на струјата да нема поголеми поместувања врз крајната цена на електричната енергија. Пресметките за трошоците без барање за зголемување на цената на струјата поднела и ЕВН.

Дел од експертите, пак, велат дека во овој момент економски не е оправдано заголемување на цената на струјата. Професорот Атанаско Тунески објаснува дека во 2007 година цената на увезената струја била највисока во последните неколку години, а токму таа била за 20 проценти пониска од денешната. Токму затоа, Тунески вели дека нема потреба од нови поскапувања во оваа област.

„Тие огромни разлики се во корист на тоа дека треба да стои цената на струјата, не дека треба да се зголеми. Не е јасно каде се тие зголемени трошоци, нема нови инвестиции, негледаме дека има, дури и да се почне нешто ново не може веднаш да влезе во цена, не може вие да одлучите да почнете да правите, а да ви го признаат како да сте го направиле.“

Последен пат струјата поскапе на 1 јануари годинава и тоа за 10 проценти.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG