Достапни линкови

Големите сили не можат да го решат македонско - грчкиот спор


Поуката од Букурешт и Лисабон е дека САД и другите големи сили не можат да помогнат да се реши грчко-македонскиот спор за името, но Вашингтон и натаму треба да ги охрабрува обете страни да постигнат решение, оценува Дејмон Вилсон, потпретседател и директор на програмата за меѓународна безбедност во Атлантскиот совет во Вашингтон.
Тој, во изјава за Гласот на Америка вели дека е извлечена поука дека Скопје и Атина треба заедно да седнат на маса и да најдат решение.
„Тоа не е забавно, не е добра вест што Македонците сакаат да ја слушнат, но за жал таква е реалноста денес“, вели Вилсон.
XS
SM
MD
LG