Достапни линкови

Иванов во Астана со австрискиот Претседател разговараше за името


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Астана се сретна со австрискиот претседател Хајнц Фишер. На средбата на маргините на Самитот на ОБСЕ, станало збор за билатералните односи, за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ и за процесот што се води во ОН за надминување на разликите со Грција околу уставното име.
Австрискиот претседател за македонско-грчкиот спор вчера во Астана разговарал и со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Детали од разговорите на Фишер со Папандреу и со Иванов за ова прашање не се соопштени.
Шефот на македонската држава синоќа имаше неформални средби и со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, генералниот секретар на ОБСЕ Марк Перин де Бришембо, претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Петрос Ефтимиу, генералниот секретар на Исламската конференција Еклемедин Ихсаноглу и со летонскиот претседател Валдис Затлерс.
XS
SM
MD
LG