Достапни линкови

Американски војници на суд за малтретирање авганистански цивили


Американскиот водник Роберт Стивенс се изјасни виновен за напад врз невооружени авганистански земјоделци. Тој призна дека без причина почнал да пука кон двајца Авганистанци за време на патрола во март. Осуден е на 9 месеци затвор.
Тој е првиот осуден, од 12 војници обвинети за тероризирање цивили и колеги. Пет од 12 војници се обвинети за убиство со предумисла. Неколкумина од војниците се обвинети дека во Авганистан собирале отсечени прсти и други делови од човечки тела како воени трофеи.
XS
SM
MD
LG