Достапни линкови

Ракометарките во борба за пласман на СП


Женската ракометна македонска репрезентација викендов започнува нова битка за враќање на врвната меѓународна сцена. Ќе се борат за пласман на мундијалот што ќе се оддржи во Бразил.

Откако пропушти едно светско и едно европско првенство, најдобрата женска ракометна македонска репрезентација викендов започнува нова битка за враќање на врвната меѓународна сцена.
Овој пат се бориме за пласман на мундијалот кој по 12 месеци ќе се оддржи во Бразил, а првата станица на тој пат се квалификациите за влез во баражот. Во нив од петок до недела во грчкиот град Драма се среќаваме со домаќинот и со селекциите на Азербејџан и Швајцарија. За остварување на целта мора
Амбициите се јасни, прво место и пласман во баражот. Јас се надевам дека нема да има проблем, противниците се секако сериозни, Грција е домаќин Азербејџан е руска школа, Швајцарија е исто така сериозна екипа, меѓутоа се надеваме на освојување на првото место.
да го освоиме првото место во групата. Во националниот тим се свесни дека тоа нема да биде лесно, но сите знаат дека се освен бараж за нас ќе преставува огромен неуспех. Селекторот Гино Стрезовски вели:

„Амбициите се јасни, прво место и пласман во баражот. Јас се надевам дека нема да има проблем, противниците се секако сериозни, Грција е домаќин, Азербејџан е руска школа, Швајцарија е исто така сериозна екипа, меѓутоа се надеваме на освојување на првото место.“

Според Стрезовски, главен ривал за првата позиција ќе ни биде Швајцарија, а не смее да се потцени ниту Азербејџан. За дуелот со Грција, селекторот признава дека поради познатите политички проблеми, тој носи дополнителен притисок поради што ракометарките веќе десет дена имаат посебни психолошки подготовки, но и без нив не смее да има дилеми околу победникот во оваа пресметка:
Опремата се менува комплетно, одиме без Македонија, притисокот е присутен, меѓутоа ако дојде до тоа Македонија да се плаши од Грција во ракомет тогаш воопшто и да не одиме.


„Ние најмногу ги подготвуваме ракометарките околу тоа, тие се свесни дека опремата се менува комплетно, одиме без Македонија, притисокот е присутен, меѓутоа ако дојде до тоа Македонија да се плаши од Грција во ракомет тогаш воопшто и да не одиме, така што повторувам главен ривал ќе ни биде Швајцарија, а сериозен противник е и Азербејџан.“

Со мислењето на селекторот Стрезовски се согласуваат и репрезентативките.
XS
SM
MD
LG