Достапни линкови

Се повеќе разводи и меѓу Албанците


Центарот за социјални работи во Куманово

Центарот за социјални работи во Куманово

Во текот на оваа година во Куманово во Центарот за социјални работи се евидентирани околу 200 барања за бракоразводи, од кои 30 отсто од албанската етничка заедница.

Карактеристично е што од нив околу 30 отсто се на граѓаните од албанската етничка заедница, дел се од ромската, а се уште приматот го имаат Македонците, вели психологот Сузана Митровска. Причините за разводите се печалбарството во други земји на еден или двајцата брачни другари, но и еманципацијата на жените. Меѓутоа забележително е тоа што менталниот склоп кај жените Албанки се менува и тие се повеќе бараат раскинување на брачните односи.

„Тоа не беше случај последните година две, па и повеќе години наназад, кога припадниците на албанската популација само фиктивно се раведуваа поради остварување на некои права во странство каде што брачниот партнер е на работа. Поточно за обезбедување виза за работа, за престој. Изминатите месеци од годината тоа е сосема поинаку.“
Можеби жената Албанка не може веќе да живее во заедница во која односите не се испочитувани до крај, односно дека постои родовата нееднаквост во бракот. Таа веќе сака добар развод, а не лош брак. Таа сака да биде слободна.


Митровска објаснува дека можеби тоа е резултат на повисокото ниво на еманципацијата на жената Албанка.

„Можеби жената Албанка не може веќе да живее
психологот Сузана Митровска
во заедница во која односите не се испочитувани до крај, односно дека постои родовата нееднаквост во бракот. Таа веќе сака добар развод, а не лош брак. Таа сака да биде слободна.“

Според Митровска во поранешните разводи мајките ги оставале децата на нивните брачни партнери, сега пак тие сакаат децата да бидат со нив.

„Карактеристично е што сега се поинакви и средбите односно наречени видувања. Сега мајката ги зема децата со себе, што укажува дека традиционалните навики кај Албанците сега се надминати.“
Албанките кои имаат завршено средно школо, факултет, тие не ја прекинуваат врската на децата со таткото. Образованието и средината во која што живеат имаат свое влијание.


Забележително е и тоа што жените Албанки сега го преферираат личниот мир и да бидат со своите деца, а не материјалниот аспект. И образованието на жените Албанки има свое влијание. Митровска вели:

„Албанките кои имаат завршено средно школо, факултет, тие не ја прекинуваат врската на децата со таткото. Образованието и средината во која што живеат имаат свое влијание, децата да бидат со мајката, а таткото да може да ги гледа.“

Меѓутоа, мажите Албанци се уште тешко го прифаќаат тој факт и:

„Тие се бунтувачки и категорични се во барањата децата да бидат со нив.“

Според Митровска, во најголем случаи иницијатори за разводите се жените Албанки бидејќи тешко може да се смени однесувањето на мажот кој смета дека е главен и доминантен во бракот, дека тој е тој што треба да биде слушан, што се должи на традиционално воспоставените норми. Не ретко според традицијата постар член од семејството го има главниот збор, мајката, таткото или останатите членови од потесното семејство кои имаат големо влијание на брачните односи на нивните синови и снаи.
Објаснува Митровска и додава дека стручниот тим ги зема предвид сите елементи и не може да биде пристрасен во одлуките за доделување на децата.
Најчесто и фиктивните разводи стануваат фактички поради низа околности и далечината на брачните партнери кои се на печалба. За бракоразводите кај Македонците пак, Митровска вели:

„Секој втор развод е со еден од брачните другари на печалба во Авганистан или Ирак.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG