Достапни линкови

Во Европа снежна Бура во Кипар високи температури


Во Кипар денеска се измерени 27 цезиусови степени што се невообичаено високи температури за овој период од годината при целосно отсуство на врнежи соопшти кипарската метеоролошката служба.
Големите врнежи на снег и ниските температури под нулата низ Европа предизвикаат проблеми.
Во Полска починаа најмалку 8 бездомници. Неколку аеродроми во Британија, Швајцарија, Шкотска и Франција или се целосно или делумно затворени. Најниската температура од - 26 целзиусови степени е изменерена синоќа во Полска. Лошото време е причина за речиси 2000 сообраќајни несреќи кои вчера се случија на германските патишта.
Европската агенција за заштите на животна средина неодман објави истражување во кое се наведува дека до 2080 година во земјите од Јужна Европа летните температури ќе се зголемат за седум Целзиусови степени, а бројот на деновите со температури повисоки од 40 степени Целзиусови ќе се удвојат.
XS
SM
MD
LG