Достапни линкови

САД охрабрени од Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во своето обраќање денеска во Астана изјави дека администрацијата на Барак Обама е охрабрена од тоа што Иран се согласи да се врати на нова рунда преговори за нуклеарната програма.
Планирано е разговорите да се одржат во наредната недела во Женева а во нив ќе учествуваат САД, Британија, Франција, Русија, Кина и Германија. Клинтон истакна дека со тоа ќе му се пружи шанса на Техеран да разговара со нив за причините поради кои е загрижена меѓународната заедница од иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG