Достапни линкови

ОН бараа 530 милиони долари за хуманитарни проекти во Сомалија


Обединетите Нации соопштија дека им се потребни 530 милиони долари за хуманитерните проекти во Сомалија за 2011-та година. Во соопштението е наведено дека и покрај „ кревкиот напредок“ годинава во земјата се уште има 2 милиони луѓе кои живеат во отежнати услови, вклучувајќи 1,5 милиони луѓе кои се раселени. Светската организација потсетува дека поплавите, сушите и вооружените напади го отежнуваат пристапот до здраствена нега, храна, чиста вода и образовните институции.
XS
SM
MD
LG