Достапни линкови

ЕУ: преквалификација на работната сила


Скоро 10 насто од работноспособното население на Европската унија, или 23 милиони луѓе, е невработено. Ова го наведува Европската комисија која ги повикува земјите членки повеќе да вложуваат во преквалификација на работната сила која поради економската криза останала без вработување. Во моментов во Европската унија околу 700 илјади работни места се непополнети затоа што нема доволно обучени луѓе. Станува збор пред се, за вработувања во областа на информатиката и комуникациите.
XS
SM
MD
LG